img

“Металец Битола АД”

Покрај редовната програма на производи има капацитети и технолошки можности за
изведување на услужни дејноски како што се:

Браварско заварувачки работи
Машинска обработка
Обработка – сечење, профилирање, обликување на тенки листови
Ремонтни активности на рударска опрема
Изработка на опрема од транспортни системи
Изработка на сигнализација за патишта

Металец Битола А.Д. ви нуди 1 година гаранција за сите производи.

img

Металец Битола А.Д.

увезува материјали потребни за изработка на готовите производи како:

Гус
Силумин
Лим од сите димензии ладно и топло валан
Шамот

Металец Битола А.Д. извезува повеќе типови од производите од
производната програма.
Врши извоз на шпорети на цврсто гориво за топлење, печење
и готвење, во следните држави:

Албаниа
Србија
Косово
Хрватска

и за многу други хуманитарни организации како:
УНХЦР, УНИЦЕФ, Мерси корс, Германски црвен крст.

img

logo_small

Металопреработувачката
индустрија Металец Битола А.Д

Металопреработувачката индустрија Металец Битола А.Д. е следбеник на фирмата Металец, основана во 1948 год. Богатото и долгогодишно искуство на фирмата придонесе за успешно преродување на тешките моменти и негово движење по постојаната нагорна линија, почнувајќи од 1996 год. по извршената трансформација. Производната програма на Металец Битола моментално се застапени повеќе видови на шпорети и печки на цврсто гориво, покривна челична конструкција и елементи од рударска опрема.

Натамошниот стремеж на сите вработени на ова акционерско друштво е збогатување на палетата на производи со електрични апарати за домаќинствата како: електрични бојлери, електрични шпорети, термоакумулациони печки, решоа,и сл. со што Металец Битола ќе си обезбеди постојана и богата присутност на пазарите кои се актуелни.

Како главни цели во време на се поприсутна конкуренција, пред раководниот орган и вработените се поставени: одржување на тековното производство на одредено ниво, задржување на веќе освоените пазари и пронаоѓање на нови, осовременување на опремата и примена на нови технологии со што воведувањето на посовремени производи во производствената програма ќе биде многу полесно.





Индустриски пат бб. 7000 Битола,
Р. Македонија

+ 389 47 234 435 + 389 47 234 435